Психолошка помош за засегнати лица во опожарените области, информираат од Меѓаши

Во следниот период од седум дена, 24 часа ќе бидат активни шест телефони за прва психолошка помош за засегнати лица во опожарените области, информираат од Првата детска амбасада.

Од Меѓаши велат  дека амбасадата во соработка со ЗСП Психеско, од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица во опожарените области кои преку телефонските броеви ќе можат да се обратат за прва психолошка помош.