Психотерапевтка потроши илјадници фунти на судски спор за мачор

Британка психотерапевтка и нејзниот сопруг, сопсвеници на црно-бел мачор кој сакал да талка, потрошиле илјадници фунти на судски спор против сосетката која ја посетувал и кај која се хранел неверниот Ози.

Секогаш кога ќе се врател од талкањето во својот дом во квартот Брекенбери Вилиџ во Лондон, мачорот Ози не бил исцпрен, туку напротив, се враќал добро нахранет и со сјајно крзно, пишуваат британските весници.

На сопствениците тешко им паѓало неверството од мачорот, па му купиле GSP синџирче во ноември 2015 година за да го следат неговото движење. Така ја откриле тајната на Ози кој бре бркал женки, ниту имал улични тепачки со други мачори, туку мирно си престојувал кај сосетката, позната пејзажистка, каде што имал легло и сопствен сад за јадење.

Сопственичката на Ози, психотерапевтка, во осум наврати го фатила кај сосетката. Попусто пејзажистката тврдела дека на мачорот не мu правела ништо лошо и дека кај неа бил негуван како во сопствениот дом, сепак психотерапевтката започнала правна битка на кој двете странки потрошиле по повеќе од 20.000 фунти.

По неколку години, судскиот спор е затворен и според пресудата пејзажистката која се бранела дека Ози ја донел својата одлука нејзината куќа да ја чувстува како свој дом и оти таа не треба да го менува своето грижливо однесување, на крајот се согласила да ги ограничи своите дружења со мачорот.