ПСР тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, предлага Комисијата за заразни болести

Сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора при ввлез во земјава задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, предложи комисијата за заразни болести.

Како што соопшти Министерството за здравство, Комисијата оваа одлука ја донела на состанокот одржан утрината.

„Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји“, соопшти МЗ.