ПСВ фаворит кога е во прашање иднината на Холтби

Германскиот бундеслигаш Шалке најверојатно нема да биде следната дестинација на германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Левис Холтби.

Ако до пред неколку недели, Шалке важеше за прв фаворит, сега најголем фаворит за потписот на 23-годишниот играч за врска е холандскиот гигант ПСВ.

Англиските медиуми потврдија дека челниците на ПСВ веќе испратиле официјална понуда за Холтби и истата не е помала од 8 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.