ПСЖ до десеттата победа во низа, Анри дебитираше со пораз

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен ја постигна и десеттата последователна првенствена победа соладувајќи го во саотата во десеттото коло Амјен со 5:0, додека некогашната играчка ѕвезда Тири Анри дебитираше на клупата на Монако со пораз на гостувањето кај Стразбур од 1:2.

ПСЖ рутински ја одработи средбата со Амјен, доаѓајќи до максималните 30 бодови со импресивна гол разлика од 37:6. Стрелци беа Маргинос во 12, Рабио во 42, Дракслер во 80, Мбапе во 82 и Диаби во 87 минута. Амиен, пак, има трипати помалку освоени бодови и е на 17-то место.

Монако и под водство на новиот тренер Тиери Анри, за кого ова е првиот самостоен тренерски ангажман и тоа во клубот во кој дебитираше на тревникот, продолжи да ниже порази. Овојпат на гостувањето кај Стразбур и има само една победа и со шест бодови е на претпоследното 19-то место.

За гостувањето кај Стразбур, Анри не можеше да смета на двајцата први голмани, Хрватот Даниел Субашиќ и Белгиецот Диего Беналија, кои се повредени, па шанса дони Сејду Си, кој е и најголемиот виновник за поразот. По првиот подарок домашните поведоа во 17 минута со голот на Адриен Томасон. Новите проблеми за Монако стасаа во 66 минута кога Самуел Грансир беше исклучен по само две минути минати на теренот. Во 84 минута Мотиба зголеми на 2:0, а поразот на гостите го ублажи Тиелманс во 89 минута од пенал. Стразбур сега е шести со 15 бодови.

Лил постигна гостинска победа кај Дижон од 2:1, со што дојде до 22 бодови и е втор зад ПСЖ а има пет бодови повеќе од третиот Лион. Ова е трета последователна победа на Лил и петта во последните шест кола. Головите ги постигнаа Николас Пепе од пенал во 21 и Луиз Араухо во 43 минита, додека стрелец за домашните беше Абеид во 81 минута. Дижон по неуспехот падна на 16-то место со 10 бодови.

Нант ја оствари првата победа од почетокот на октомври, и славеше против Тулз со 4:0. Херој на мечот беше тројниот стрелец Емилиано Сала кој погодуваше во 25, 71 и 77 минута, а во меѓувреме гол постигна и Габриел Бошиа во 38 минута. Нант така дојде до 9 бодови и е на 18-то место, а Тулуз испушти можност за напредување на табелата и моментално е 9-ти со 13 бодови.

Ремс и Анжер одиграа 1:1, во меч во кој гостите поведоа преку Траоре во 36 минута, а домашните израмнија во 73 минута со голот на Чаварија. Ремс е 13-ти со 11 бодови, а Анжер има бод повеќе и е две места погоре на табелата.

Може да се каже дека тимот на Каен киксираше откако на свој терен одигра без голови со фенерџијата Гинган. Каен остана на 12-то место со 11 бодови, а Гинган е последен со шест бодови.

Во петокот Лион со головите на Дембеле во 24 и Депаи во 90 минута го совлада Ним, одржувајќи го чекорот во борбата за висок пласман, на трето мсто иако заостанува зад водечките 13 односно пет бодови. Нимс, пак, е 15-ти со 10 бодови.

Во недела играат Монпелје – Бордо, Сен Етјен – Ренс и Ница – Марсеј.