ПСЖ ја победи УЕФА

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен ја доби правната битка против Европската фудбалска федерација УЕФА, откако европската асоцијација се обиде да отвори истрага околу трансферот, платите и спонзорските договори на овој клуб.

Арбитражниот спортски суд (CAS), чиешто седиште е во швајцарска Лозана, ја уважи жалбата на ПСЖ на обидот УЕФА да отвори одново истрага којашто претходно ја затвори.

Во образложението на својата одлука, CAS наведуца дека „на УЕФА ѝ беше потребно премногу време да ја преиспита својата одлука од 2017 година дека ПСЖ не е виновен за кршењето на правилата од финансискиот фер-плеј“.

Пресудата во полза на ПСЖ е одвоена од истрагата на УЕФА за финансиите на францускиот првак во сезоната 2017/2018 кога беа доведен Нејмар и Килиан Мбапе.

Финасискиот фер-плеј (FFP) е замислен како збир од правила коишто би требало да обезбедат европските фудбалски клубови да не трошат повеќе од она што го заработуваат, а со цел за долгорочна стабилност и одржливост на клубовите.

ПСЖ од 2011 година е во доминантна сопственост на катарски конзорциум кој е осомничен дека користел „надуени“ спонзорски договори од катарските нафтени компании за да се направи рамнотежа во сметките и така да се исполнат правилата на УЕФА.