ПСЖ лани продале 900.000 дресови

Шампионот на Франција, Париз Сен Жермен нема проблем да ги надокнади парите потрошени за доведување во тимот на Нејмар (222 милиони евра) и Мбапе (180 милиони евра).
Освен во насока на создавање на неспорна доминација во француското првенство, но и освојување на титулата во Лигата на шампионите, Бразилецот и младиот Французин се покаќа и како вистински маркетингшки потег.
Медиумите во Франција пишуваат дека „Светците“ продале 900.000 дресови минатата сезона, повеќето од нив со името на Нејмар и на Мбапе.

Интересно е тоа што повеќето дресови беа продадени во Азија, каде што стадионите беа преполни на секоја турнеја на ПСЖ, а фановите доаѓаа на натпреварите со обележја на клубот.

Поради сето ова, раководството на клубот сака да го искористи моментот и да заработи дополнително, па веќе работи на нов дизајн на дресот, за кој сè уште не е познато кога ќе биде готов.