ПСЖ падна во финалето на Купот, Рен до триумфот по пеналите

63

Фудбалерите на Рен го стасаа заостанувањето од два погодока и со подобро изведување пенали со 3:2 (1:2, 2:2) го победија фаворизираниот Пари Сен Жермен во финалето на Купот на Франција одгигран на „Стаде де Франс“ и по третпат во клупската истроија го осовија овој трофеј.

Парижаните поведоа со 2:0 со головите на двајцата бразилски репрезентативци, Дани Алвеш во 13 и Нејмар во 21 минута. Рен го намали водство во 40 минута со автоголот на бекот на „Светците“ Преснел Кимпембе, а стрелец на израмнувачкиот погодок беше во 66 минута Едсон Мешер. До крајот на регуларниот дел немаше погодоци, како и ниту во получасовното продолжение, па победникот се решаваше со пенал серијата, а во 118 минута поради груб старт беше исклучен Килиан Мбапе.

Серијата заврши со резултат 6:5 за Рен. Во првите пет серии изведувачите беа прецизни, а во шестата за Рен погоди Сар, додека 21-годишниот халф на ПСЖ, Кристофер Нкунку, кој влезе во игра две минути пред крајот на второт опродолжение, ја испрати топката преку гредата.

Играчите на Рен, кому ова му е прва титула во Купот на Франција по 48 години, пехарот го примија од претседателот Емануел Макрон. Рен последен пат играше во финалето на купот во 2014 година, кога беше поразена со 0:2 од Генган. Рен, исто така, еднаш играл и во финалето на Купот на француската лига, и во Купот Интертото.

Во своите 17-то финале ПСЖ одеше по петтиот последователен триумф, а досега имаа 12 титули. Минатото коло по осми пат станаа шампиони на Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.