ПСЖ славеше против Ливерпул, Тотенхем подобар од Интер

Во дерби натпреварот на вечерта во Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ го победи Ливепрул со 2:1, а во Лондон во битката да остане во игра за пласман во следната фаза Тотенхем на крајот успеда со 1:0 да го совлада Интер.

ПСЖ поведе во 13 минута со голот на Хуан Бернат кој ја искористи грешката на Ван Дијк. На 2:0 зголеми Нејмар во 37 минута по одлично изведен противнапад на домашните. Ливерпул без вистинска игра намаливо последните моменти од првото полувреме, и тоа од пенал кој го реализираше Џејмс Милнер. Во продолжението имаше неколку шанси пред двата гола, но резултот не се промени до крајот.

Во вториот дуел од истата група, Наполи на свој терен ја победи белградска Црвена ѕвезда со 3:1. Головите за италијанскиот претставник ги постигнаа Марек Хампшик во 11 и Дрис Мартенс во 33 и 52 минута, а гостите намалија во 58 минута со голот на Ел Фарду Бен Набуана.

Во пресрет на последното коло во Групата Ц Наполи води со 9 бодови, ПСЖ има 8, Ливерпул 6 а Црвена ѕвезда 4 бодови. Во последното коло Ливерпул е домаќин на Наполо, а Црвена ѕвезда на ПСЖ.

Дерби се играше и на лондонски „Вембли“. На Тотенхем му беше неопходна победа за да остане во игра за минување на групата, додека на Интер му беше доволен и бод за математички да го обезбеди пласманот во осминафиналето. Накрајот англискиот клуб заслужено славеше со 1:0, со голот на Кристијан Ерискен во 80 минута. Бодејчи Тотенхем на милански „Сан Сиро“ загуби со 1:2, во случај да имат исти бодови со Интер, ќе биде подобар на табелата.

Во истата група Барселона очекува на гостувањето кај ПСВ славеше со 2:1 и така го обезбеди првото место. Домашните беа подобри во првите дваесетина минути, меѓутоа холандскиот тим не успеа да постигне погодок. ПСВ беше најблиску до гол во 16 минута, но ударот на Гастон Переира од работ на шеснаесетникот заврши во рамката од голот/ Најдобрата шанса за Барса во првиот дел ја имаше Арутор Видал, но неговиот удар од свртување по изведен коренр, со глава од празниот гол го изби Анхелињо. Во продлжените Барселона поведе со 2:0 со головите на Меси во 61 и на Жерар Пике во 70, а во 83 минута намали Лук де Јонг.

На табелата во Групата Б води Барселона со 13 бодови, Тотенхем и Интер имаат по 7 а ПСВ еден бод. Во последното коло Барселона го чека Тотенхем, а Интер има полесна задача бидејќи му е домаќин на ПСВ.ж

Борусија Дормунд дома неочекувано одигра без голови со Клуб Бриж. Во претходно одиграниот меч од оваа група Атлетико Мадрид, пак, дома рутински го победи со 2:0 Монако, кому годинава главната цел е да обезбеди опстанок во француското првенство.

Францускиот тренер Тиери Анри уште пред мечот најави пораз и во системот внесе четири млади дебитанти, а во средината на мечот во игра внесе уште двајца, а притоа 17-годишници, Хан-Ноа Масењо и Беноа Бадиашил кои стана првите играчи кои се родени во XXI век кои заиграа од првата минута на некој меч од Лигата на шампионите.

Атлетико поведе веќе по минута и 32 секунди игра, со многу среќа. Шутираше Коке, а токата го погоди Бадиашил и го премени смерот измамувајќи го голманот Диего Бењали. Во 24 минуа на 20 зголеми Антоан Гризман. Монако можеше да намали во 81 минута, но Радамел Фалкао не реализираше пенал промашувајќи го целиот гол на својот поранешен клуб во кој мина две сезони. Пеналот го направи Стефан Савиќ кој играше со рака при што заработи втор жолт картон, па Атлетико до крајот играше со играч помалку.

На табелата од Групата А води Атлетико Мадрид со 12 бодови, Борусија Дортмунд има 10, Клуб Бриж има 5 а Монак еден бод. Во последното коло играат Монако – Борусија и Клуб Бриж – Атлетико.

Порто во дуелот за челното место во групата го победи Шалке со 3:1. По првото полувреме коешто заврши без голови, Порто го реши мечот во првиоте десет минути од второто постигнувајќи два брзи гола во 52 и 54 минута, а стрелци беа Едер Миолита и Жезус Корона. Во 89 минута намали Набил Бенталеб од пенал, но надежите на гостите дека може да изборат бод ги потопи во четвртата минута од судиското продолжение Муса Марега.

Во вториот судир од групата претходно Локомотив во Москва го победи Галатасарај со 2:0 и остана во игра за пласман во Европската лига. На турскиот тим му беше потребна победа за да го остави во игра за едбна од првите две места, но сега ќе мора да го спасува третото место. Домашните поведоа преку Грегорж Кришчовјак чиј шут го скршна Рајан Донк и го измами Фернандо Муслера. Рускиот тим во 55 минута го постигна вториот гол по убавата акција на Владислав Ингатиев.

На табелата во Групата Д води Порто со 13 бодови, Шалке има 8, Галатасарај има 4 а Локомотив 3 бода. Во последното играат Шалке – Локомотив и Глатасарај – Порто.