ПСЖ за Нејмар е завршена приказна

Најскапиот фудбалер во светот, Бразилецот Нејмар, ја завршил својата епизода во ПСЖ, е веста која ја објавија речиси сите медиуми во Франција, па дури и угледниот „Л’Екип“.

Угледниот француски весник тврди дека одличниот офанзивец повеќе нема да игра ниеден натпревар во Паркот на принцевите и дека во прашање се денови кога ќе се реши целиот случај.

Не е тајна дека Нејмар е незадоволен во ПСЖ и дека на секој начин се обидува да изнуди трансфер, па дури и Парижаните се уморени од напорите да го задржат и што побргу сакаат да се ослободат од него.

Проблемот е во тоа што Бразилецот сака да се врати во Каталонија, но Барса нуди трампа и пари, додека парискиот клуб инсистира само на исплата во кеш, и тоа однапред без никакви рати.