Лорен Блан, тренерот на најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ, потврди дека најскапата аквизиција во клупската историја, уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе го пропушти првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони против германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен.
„Кавани ја следи програмата за рехабилитација и според проценките на клупскиот доктор, Единсон веќе следната недела ќе стартува со полесни тренинзи. Се е во најдобар ред и не очекуваме никаква компликација но Кавани нема да биде во комбинација за денешниот натпревар против Валенсиен и нема да настапи на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони против екипата на Баер од Леверкузен”, изјави поранешниот селектор на Франција.