ПСЖ гази се пред себе

И новајлијата во елитното друштво, тимот на Римс, се покажа како лесно премостлива пречка за актуелниот шампион и лидер во француската Прва лига, тимот на ПСЖ.

И без помошта на најдобриот фудбалер, повредениот Златан Ибрахимовиќ, популарните “светци”, многу полесно од очекуваното забележаа убедлив триумф од 3:0.

Кога се во прашање неделните натпревари од 32. коло, најголемо внимание ќе привлече дуелот помеѓу екипите на Валенсиен и Олимпик од Лион.

Резултати: ПСЖ – Римс 3:0, Бастија – Сошо 2:2, Бордо – Рен 2:2, Генгамп – Монпеље 1:2, Лориен – Евијан 1:1, Тулуз – Лил 1:2.

Денеска на програмата: Монако – Нант, Валенсиен – Лион, Сент Етјен – Ница.