ПСЖ ги израмни платите на Нејмар и Мбапе

Килијан Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до јуни 2022 година, меѓутоа свесни се за интересот што неколку други клуба, пред сите Реал, го покажуваат за младиот напаѓач, поради што подготвиле нов договор.

Пари Сен Жермен ќе му понудат на Мбапе ист договор каков што имал Нејмар. Тоа значи неделна плата од 700.000 евра, односно 36,8 милиони евра на годишно ниво.

Челниците на клубот во текот на неделава требало да се сретнат со застапниците на фудбалерот.

Килијан Мбапе минатата сезона на 43 натпревари забележал 39 гола и 17 асистенции. Оваа сезона на десет натпревари има учинок од девет гола и четири асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.