ПСЖ го декласираше Реал, Јуве и Тотенхем испуштија ‘плус два’

Во најинтересните натпревари од првото коло на Лигата на шампионтие идиграни во средата во Париз ПСЖ со 3:0 беше убедлив против Реал, а во Мадрид, Јувентус испушти водство од 2:0 против Атлетико, како и Тотенхем против Олимпијакос.

Во Групата А на „Паркот на принцевите“ се играше големото дерби на колото, а Реал доживеа неочекувано убедлив пораз на стадионот на кој пред 63 година ја освои првата титула европски шампион. Пари Сен Жермен во мечот влезе доста ослабен, без своите ѕвезди Нејмар, Кавани и Мбапе, но сепак поведе во 14 минута со голот на Анхел ди Марија по додавање на Бернат. Во 33 минута аргентинскиот репрезентативец го постигна и вториот гол против својот поранешен клуб, и тоа се порекрасен удар од 18 метри. Во судиското продолжение Белгиецот Меуние постигна гол за тежок пораз на Реал.

Во истата група Клуб Бриж и Галатасарај одиграа без голови, но притоа и двете екипи не реализираа голем број шански.

Во Групата Б во Пиреа, гршкиот првак Олимпијакос и европскиот вицешампион Тотенхем одгиграа возбудлив меч кој на крајот заврши без победник 2:2. Олимпијакос во девет натпревари од почетокот на сезонава прими само еден гол, а вечерва во првите 30 минута Англичаните двапати ја затресоа неговата мрежа, преку Хари Кејн во 26 минута од пенал и Бразилецот Моура четири минути подоцна. Олимпијакос не се предаде и пред крајот на првотои полувреме намали Португалецот Даниел Поденсе, а во 64 минута Матје Валбуена од пенал израмни откако беше соборен од Вертонген.

Во оваа група минхенски Баерн на својот тревник ја совлада Црвена ѕвезда со 3:0. Французинот Коман во 34 минута погоди за водство на Баварците, а дури во 80 минута Левандовски зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Милер во првата минута од судиското продолжение.

Во Групата Д во Мадрид Јувентус го испушти водството од два гола разлика против Ателтико. Јуве поведе на почетокот од второто полувреме со голот на Колумбиецот Хуан Квадрадо,а во 65 минута Блез Матуиди ја удвои предноста. По неколку нереализирани добри напади на „Старата дама“, Атлетико намали во 70 минута преку Стефан Савиќ кој биеше од непосредна близина со глава, а на сличен начин „Јорганџиите“ од пораз ги спаси Мексиканецот Ерера во последната минута од регуларниот дел од мечот. Кристијано Роналдо во судиското продолжение во домашниот шеснаесетник „измеша“ неколку противници и биеше одлево но само неколку сантиметри крај десниот дирек на голот на Атлетико.

Во оваа група во Леверкузен московски Локомотив направи голем чекор во битката за едно од првите три места, откако со 2:1 го победи домашниот Баер. Кришчовјак ги донесе Русите во водство во 16 минута, но „Фармацевтите“ израмнија по десет минута со автоголот на Ховедес, но Баринов во 37 минута ја врати предноста кај московјаните.

Во Групата Ц загрепски Динамо го направи изненадувањето на колото, победувајќи го во Максимир со високи 4:0 италијанскиот претставник Аталанта. Динамовци поведоа во 10 минута преку Марин Леовац, а потоа следеше „хет-трикот“ на херојот на вечерта Мислав Оршиќ кој стрелата во 31, 42 и 68 минута.

Во вториот дуел од оваа група Манчестер Сити во Харков го победи со 3:0 Шахтјар од Донецк, со головите на Ријад Махрез во 24, Илкај Гундоган во 38 и Габиел Жезус во 76 минута.