ПСЖ го одигра првиот меч по четири месеци

Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен го одигра во неделата вечерта првиот подготвителен натпревар откако на 8-ми март беше запрено француското првенство кое не продолжи, а на овј дуел можеа да присуствуваат и гледачи.

На стадионот „Осеан“ во летувалиштето Ле Авр во присуство на 5.000 гледачи, ПСЖ славеше дури со 9:0 над домаќинот второлигашто Ле Аврс, со два гола на Мауро Икарди, Нејмар и Пабло Сарабија, и по еден на Килиан Мбапе, Идриз Гуеј и Арно Муињ.

Француската министерка за спорт Роксан Марасинеану го поддржа враќањето на навивачите на стадионите.

„Ова е голема победа за францускиот фудбал и спортот во земјата“, изјави минисерката за спортскиот весник L’Equipe, пред и самата да си го заземе местото на трибините.

ПСЖ стана првак со одлука на фудбалската федерација, а на почетокот од август во Португалија ќе се сретне со италијанска Аталанта во четвртфиналето на Лигата на шампионите.