ПСЖ го освои францускиот Суперкуп

REUTERS/Ammar Awad

Фудбалерите на актуелниот првак Пари Сен Жермен се освојувачи на францускиот Суперкуп откако во неделата вечерта во Тел Авив со 4:0 ги совладаа Нант, последен победник на националниот куп.

Париските „Светци“ рутински стасаа до победата. По првиот дел водеа со 2:0 со головите на Лионел Меси во 22 и Најмар од слободен удар на крајот од полувремето. Серхио Рамос зголеми на 3:0 во 57 минута, а конечниот резултат го постави во 82 минута Нејмар од пенал. Нант од 81 минута играа без исклучениот Жан-Шарл Кастаје.

За ПСЖ ова е 11-от трофеј во Суперкупот, од кои девет во последните десет години. Воедно ова е и првиот трофеј под водството на новиот стратег Кростоф Галтиери кој го наследи на клупата Маурисио Почетино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.