ПСЖ го презема врвот во Франција

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја победија Ница со 2:1 во домашниот меч од 25-то коло на француското првенство, со што привремено се искачија на врвот на табалета.

ПСЖ, кој во вторникот ќе се соочи со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите, настапи без тројцата клучни играчи: Нејмар, Анхел Ди Марија и Марко Верати.

Во 22 минута водечкиот погодок го постигна Јулијан Дрекслер откако обидот на Мауро Икарди се одби од стативата. Ница израмни во 52 минута со силниот удар под пречката на Рони Лопез, а до победата ПСЖ дојде со голот на црномурестиот италијански напаѓач Моизе Биоти Кен. Кен кој е играч на Евертон а игра како позајмен играч за ПСЖ, во 17-те натпревари постигна 10 погодоци.

Актуелниот шампион ПСЖ сега има 54 бодови од 25 натпревари, колку што има и Лил кој во недела е домаќин на Брест. Ница е на 13-то место со 29 бодови од 24 меча.

Олимпик Лион неочекувано загуби на домашен терен со 1:2 од Монпелје.

Гостите поведоа со погодокот на Тежи Севание во 20 минута, а во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме израмни Лукас Пакета. Бодовите сепак отпатуваа во Монпелје, благодарејчи на погодокот на Елие Вахи во 65 минута.

 

Лион остана на третото место со 52 бодови, четири повеќе од четвртиот Монако, кој има меч помалку. Монпелје моментално е осми со 35 бодови.

Во првиот саботен натпревар Ремс и Ленс одиграа без победник. Домашните поведоа во 13 минута преку Арбер Зенели а за гостите израмни Флориан Сотока во 61 минута. Ленс е шести на табелата со 37 бодови, а Ремс е 13-ти со 29 бодови, засега бодовно далеку од зоната на испаѓање.