ПСЖ и Лион во финалето на Лига купот

Во финалето на францускиот фудбалски куп кој ќе се игра на стадионот Стад д Франс“ на 4ти април, ќе се соочат Пари Сен Жермен и Лион.

ПСЖ во полуфиналето на гостувањето го победи Ремс со 3:0, додека Лион во вторникот со подобро изведување на пеналите со 6:4 беше подобар од Лил, а во регуланото време мечот заврши 2:2.

Победата за ПСЖ ја донесоа Маркињос со голот во 9, Н’Кломаде во 30 минута постигна автогол, и Киаси во 78 минута. Домапните од 75 минута играа без исклучениот Мунетси.

За ПСЖ ова ќе биде десетто финале, а досега победи во осум, последен мат во 2018-та, додека Лион се избори за шестото финале, а досега само еднаш го освои пехарот и тоа во 2001 година.