ПСЖ и Јувесе трудат да го привлечат Меси во своите редови, ама тој сака само еден клуб

ПСЖ па и Јуве, кој пратил и официјална понуда до Лео Меси, се чини дека бадијала се трудат. Имено Лео Меси, барем според зборовите на неговиот татко Хорхе, кој воедно е и негов менаџер, сакал само во еден клуб. А тој клуб се вика Манчестер Сити и ништо повеќе и ништо помалку. Се разбира дека покрај условите кои Сити може да му ги исполни, еден од главните фактори се и Пеп Гвардиола и Серхио Агуеро, и поради нив симпатиите на Лео кон Сити се така големи.

Сепак кога се во прашање вака мега – трансфери, вакви трансфери кои се случуваат еднаш во деценијата или еднаш во векот што би се рекло, се е можно. Парите се во преден план а објективно Јуве не може, па колку и да сака, да ги има во своите редови и Роналдо и Меси. За Интер пак да не се прави муабет, кој веќе подолго време е во аут, иако пред еден месец се споменуваше како голем фаворит за потписот на Меси.

Значи само ПСЖ и Манчестер Сити, само шеиците имаат доволно петро – долари да ги сго дозволат Лео Меси.