ПСЖ испрати понуда за Икарди

64
Мауро Икарди, ПСЖ

Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен му понудил на милански Интер 60 милиони евра за 27-годишниот аргентински напаѓач Мауро Икарди

Понудата на ПСЖ се состои од 50 милиони евра обешетување, и уште десет милиони евра преку разни бонуси.

Икарди во Париз дојде во септември 2019 година на позајмица со можност за откуп на неговиот договор за 70 милиони евра. Во 31 настап за францускиот првак постигна 20 голови. Меѓутоа, пандемијата на коронавирусот и прекинувањата на сите спортски натпреварувања ја намали и неговата цена.

Пред неколку дена се појави и веста дека за Икарди се заинтересирани и Јувентус и Арсенал. Лондонските „Топчии“ наводно на Интер му го понудиле во замена напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг. Италијанските медиуми, пак, објавија дека торинската „Стара дама“ во замена за Аргентинецот ги понудила неговиот сонародник Гонзало Игуаин, Даглас Коста и Мерих Демирел.

Во Интер, пак, се надеваат дека во текот на летото од ПСЖ ќе може да го доведат во своите редови 33-годишниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, кому за неколку седмици му завршува договорот и може слободно да преговара со други клубиви. За него, пак, се заинтересирани и Атлетико Мадрид и неколку англиски клубови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.