ПСЖ испушти водство од 2:0, Марсеј се врати на второто место

Во последниот неделен дуел од 36-то коло на франциското фудбаслко првенство, Пари Сен Жермен на својот стадион одигра 2:2 со Троа, иако имаше водство од два гола.

По првата четвртина од мечот ПСЖ имаше веќе водство од 2:0, остварено преку Маркињос во 6 и Нејмар од пенал во 25 минута,. Но Троа, којашто се бори да го избегне 18-то место од кое игра дополнителни квалификации за опстанок, успеа до крајот да освои бод. Прво во 30 минута Ике Угбо намали, а во 49 минута од пенал израмни Флориан Тардју. Лионел Меси повторно не постигна гол, а во финишот на мечот ја погоди стативата.

ПСЖ од поодамна ја потврди новата титула со 12 бодови предност пред вторполасираната екипа на Марсеј. Троа моментално е на 15-то место со 37 бодови, шест повеќе од 18-то место на кое е Сен Етјен на две кола пред крајот.

Рутински и убедливо фудбалерите на Олимпик Марсеј со 3:0 го победија на гости Лориен. Со тоа Марсеј се врати на второто место на тебелата кое директно води во Лигата на шампионите, моментално има три бода повеќе од Монако и шест од Рен, кој има и меч помалки. Лориен сега е 17-ти со 34 бодови три повеќе од Сен Етјен на местото за разигрување за опстанок, односно шест повеќе од 19-от Мец кој со чудо може да ги избегне испаѓањето.

Стрелци за Марсеј беа Бамба Деинг во 39, Матео Гуендузи во 48 и Жерсон во 67 минута.

Нов првенствен пораз впиша реномираниот Бордо, кој со 1:4 беше надигран на гости кај Анже. Стрелци за домашните беа Мохамед-Али Шо во 5, Батиста Менди во 36, Стегфан Баокан во 62 и Матијас Переира Лаге во 90 минута, а за гостите погоди Секу Мара во 60 минута.

Бордо е последен 20-ти со 27 бодови и за дојде во можност да се бори за опстанок треба да победи во двете преостанати кола во кои Сен Етјен не смее да освои повеќе од бод со еден тежок пораз. Анже е безбеден 14-ти со 38 бодови.

Ланс оствари гостинска победа од 2:1 кај Ремс. Домашните поведоа во 28 минута преку Арбер Зенели, но гостите го свртеа резулатот со головите на Флориан Сотока а важните три бода ги донесе Секо Фофана во втората минута од судиското продолжение на мечот.

Со победата Ланс и натаму остана во трка за пласман во Лига Европа, сега е 7-ми со 58 бодови, а пед него се шестата Ница и петтиот Стразбур со по 60 бодови кој моментално е во Конференциската лига, а четвртиот Рен со 62 бода е во групната фаза од Лига Европа. Ремс е 12-ти со 43 бодови.

Мец дома со 3:2 го победи Олимпик Лион. Домашните поведоа во 26 минута преку Винсен Пажо, а на 2:0 зголеми Дидие Ламлел во 40 минута. Гостите веќее во 43 минута намалија до полувремето. Лион иако од 68 минута играше без исклучениот Риаго Меднес, во 84 минута дојде до израмнување со вториот погодок на Дембеле. Сепак во последната 90-та минута од дуелот домашни славеа преки Фарид Булеја.

Така Лион не успеа да ги сочува надежите дека во последните две кола може да избори пласман во двата послаби европски купови, остана 8-ми со 55 бодови, а Мец претпоследен со 28 бодови, но сега три помалку од квалификациите за опстанок.

Клермон дома со головите на Елбасан Рашани во 4 и Мохамед Бајо во 69 минута од пенал го победи Монпелје за кој во 32 минута само израмни Жорис Шотар.

Клермон обезбеди опстанок, 16-ти е со 36 бодови,а Монпелје има 43 бодови и е 13-ти.