ПСЖ кај Рен го доживеа првиот лигашки пораз сезонава

Актуалниот француски фудбалски шампион Пари Сен Жермен во неделата го претрпе првиот пораз сезонава во рамките на деветтото коло од националниот шампионат, домашниот Рен славеше со 2:0.

Домашниот го начнаа големиот противник во последната минута од првото полувреме преку Гаетано Лаборд и во првата минута од второто пполувреме преку Фалвиен Тет. Така беше прекината серијата победи на ПСЖ од почетокот на сезоната.

ВАР-технологијата на проверка на спорните ситуација имаше важна улога на дуелот, бидејќи по асисетнција беше поништен погодоко на париските „Светци“, а потоа поништи најстрога казна за домашните.

Маурисио Почетино го запаочна мечот со своите најголеми ѕвезди Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, кои доминираа во првиот дел, но во вториот спласна нивниот притисок.

Двете екипи натпреварот го започнаа агресивно кон противничкиот гол. Гостите први се заканија кога во 7 минута Хакими нафрли од денсо, топката дојде во шеснаесетникот до Меси но неговиот удар беше блокиран. Набрзо во еден противнападот Пренсел Кеимпебе се обиде да расчисти една топка со „ножички“, но таа дојде до Сулеман чиј удар беше блокиран.

Во следните минути се редеа нападите пред двата гола, во 25 минтуа Меси одлично го исфрли Мбапе кој се најде само пред голманот Алфред Гомис, но шутираше лошо над голот. Неколку минути подоцна Аргентинецот од слободен удар биеше во гредата, но токата веднаш ја расчистија дефанзивците на Рен. Во тој период засили притисокот на ПСЖ, во 41 минута Анхел Ди Марија излезе само со домашниот голман, но неговиот обид да додаде до Нејмар беше пресечен.

Промашувањата на гостите ги казнија играчите на Рен кои во последната минута од првото полувреме го постигнаа првиот погодок. По левата страна прецизно нафрли Силејман а тамо Гаетано Лаборт успеа да го измами Нињо Мендеш и да ја испрати топката во мрежата на Џанлуиџи Донарума кој доби можност да го започне мечот.

Играчите на Бруно Женесио новиот удар на ПСЖ му го нанесоа веќе со првиот напад во вториот дел, кога допата беше додадена по десната страна до Лаборд, кој центрираше до потполно непречениот Фалвиан Тер кој погоди за 2:0.

Фудбалерите на ПСЖ се вратија во игра, барем привремено, во 68 минута, кога грешката во одбраната на Рен му овозможи на Меси да брзо да го проигра Мбапе кој влезе во домашниот шеснасетник и стрелаше прецизно за 1:2. Но погодокот беше поништен по асистенција на ВАР-от. Мбапе две минута подоцна шитураше над голот, а Мисе шест минути подоцна од слободен удар гаѓаше за малку крај голот.

Рен доби пенал во 81 минута по дуел меѓу Ашраф Хакими и Гаетан Лаборд, но по прегледот на ВАР-от, судиската одлука беше повлечен.

Со оваа победа Рен дојде до 12 бодови и се искачи на седмото место на табелата. ПСЖ истанува и натаму прва со 24 бодови, шест повеќе од второпласираниот Ланс.