ПСЖ ќе му земе мерка и на Тулуз

Само еден погодок, а истиот заврши во гостинската мрежа, беше постигнат на најинтересниот саботен натпревар од 26. коло во француската Прва лига, дуелот на “Велодром” помеѓу екипите на Олимпик од Марсеј и Лориен.

Погодокот вреден ти бода кој беше постигнат во 81 минута беше дело на повремениот репрезентативец на Франција, Пјер-Андре Жињак.

Ако се анализира моменталната форма на двата тима, тогаш тимот на Тулуз ќе биде најновата жртва на актуелниот шампион и лидер на табелата, екипата на ПСЖ, а најголема неизвесност кога се во прашање денешните натпревари се очекува на дуелот помеѓу екипите на Лил и Лион.

Резултати: Марсеј – Лориен 1:0, Бастија – Сент Етјен 0:2, Бордо – Евијан 2:1, Генгамп – Ница 1:0, Монпеље – Ајачио 2:0, Валенсиен – Сошо 2:2.
Денеска на програмата: Тулуз – ПСЖ, Нант – Рен, Лил – Лион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.