ПСЖ ќе се засили и со вистинскиот Роналдо

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио Да Лима Роналдо, откри дека сака да биде дел од најбогатиот клуб во француската Прва лига, ПСЖ.

„Имам прекрасен однос со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи. Сепак прво сакам да ја завршам мојата работата како амбасадор на следниот Мундијал во Бразил. Потоа ќе земам неколку месеци одмор и ќе ја донесам конечната одлука околу мојата следна авантура. Сепак, не можам да ја отфрлам таа опција, јас веќе сум амбасадор на ПСЖ во Бразил. Многу го сакам Париз и многу ми е симпатичен овој тим на ПСЖ. Имам спонтана врска со францускиот клуб, јас сум голем фан на ПСЖ”, изјави Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.