ПСЖ може да му го раскине договорот на Рамос, ако го исплати до цент за две години!

Откако угледниот „Ле Паризиен“ објави дека управата на Пари Сен Жермен почна сериозно да ја разгледува опцијата веќе во јануари да го раскине договорот со шпанската ѕвезда Серхио Рамос, кој сѐ уште нема ни минута одиграно поради повреда, такво нешто да се случи е – скоро невозможно.

Францускиот весник објави дека опцијата за раскин не е на дневен ред, ама управата почнала да размислува на такво сценарио, сфаќајќи дека веројатно направиле голема утка со долгогодишниот капитен на „кралевите“ за негов ангажман, а наводно постоела и клаузула според која ако Рамос е повреден може да се раскине договорот.

Но, сега од Шпанија доаѓа демат, дека прво клаузула за наводна повреда поради која раскинот е можен не постои, па со тоа шансите за вакво сценарио се скоро невозможни, освен под еден услов кој е можен.

ПСЖ да го раскине договорот, ама притоа ќе мора на Шпанецот да му исплати сѐ до последен цент од двегодишниот договор. Тоа значи повеќе од 25 милиони евра, колку што би требало Рамос да заработи со овој договор што го има со „светците“.

Рамос летово дојде како слободен играч откако не се договори со „кралскиот клуб“, а е единствен од сите големи засилувања кои дојдоа во француската престолнина кој сѐ уште нема настап во дресот на парижаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.