ПСЖ му го нанесе најтешкиот пораз на Вардар во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар го претрпе најтешкиот пораз во групната фаза во Лигата на шампионите. Вардарци во последното коло од Ц – група се поразени на гостуваерто кај ПСЖ со 35:25 (15:12).

Поразот на „вардарци“ следеше по катастрофално лошо одиграните почетни десет минути од второто полувреме во кои ПСЖ направи серија од 7:1 во 40.минута и стигнаа до водство од девет голови 22:13 по што “црвено-црните” беа немоќни да се врати во игра.

Најефикасен во македонскиот табор беше Каречиќ со 9 гола, Прибак постигна пет, додека Дибиров заврши со четири гола. Најдобар кај ПСЖ беше голманот Патрис Аноне кој нанижа 15 одбрани, Лука Абало и Антонио Гарсија постигнаа по пет погодоци, додека Микел Хансен запиша четири гола.
Оваа победа за Французите значи освојување на 2. место во групата од каде патуваат во осминафиналето.

На 3.место ќе заврши нашиот Металург без разлика на утрешниот резултат со Барселона, а од првото место во групата во Топ 16 оди шпанската Барселона на нашиот Кире Лазаров. Четвртото место на Вардар како можни противници во осминафиналето му носи еден од гигантите, Кил, Хамбург или Веспрем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.