ПСЖ му нуди страшен договор на Мбапе

Килијан Мбапе минатата сезона беше одличен во дресот на ПСЖ, па на 43 меча постигна 39 гола, од кои 33 беа во француското првенство поради што ја доби наградата за најдобар стрелец во Лига 1, а урна и многу рекорди.

Сепак, по одличната сезона почнаа шпекулации дека би можел да го напушти францускиот гигант, посебно откако даде една мистериозна изјава по доделување на една од наградите.

„Можеби е време да преземам повеќе одговорност, што би можело да биде во ПСЖ или на друго место со нов проект“, кажа Мбапе.

Мбапе на крајот остана во Париз, но сега управата сака да му понуди нов договор, според кој Французинот треба да заработува неверојатни 50 милиони евра годишно плус бонуси.

Во моментов 20-годишниот напаѓач има договор до 2022 година, а со новата соработка би останал до 2024 година, доколку реши да ја прифати понудата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.