ПСЖ насочен и кон Сент Етјен, тешко гостување за Монако

Мал број на погодоци понудија саботните натпревари од 29. коло во француската Прва лига.

Без погодок заврши дуелот помеѓу екипите на Лил и Нант, а минимална, но злато вредна победа од 3:2 на гостувањето во Рен, забележаа фудбалерите на Тулуз.

Одличниот тим на Сент Етјен најверојатно ќе се покаже како најнова жртва на актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на ПСЖ, а од денешните три натпревари, убедливо најголема борба и најголема неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Олимпик од Лион и Монако.

Резултати: Лил – Нант 0:0, Ајачио – Генгамп 1:2, Евијан – Валенсијен 0:1, Ница – Бастија 2:0, Рен – Тулуз 2:3, Сошо – Лоријен 2:0.

Денеска на програмата: Монпеље – Бордо, Лион – Монако, ПСЖ – Сент Етјен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.