ПСЖ подготвен да ги игра своите домашни натпревари во ЛШ надвор од Франција

Раководството на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен е согласно своите домашни натпревари во Лигата на шампионите де ги игра надвор од Франција.

Претседателот на клубот Насер Ал Келаифи вели дека ќе ја почитуваат одлуката на француската влада да се заврши сезоната во домашното првентсво предвреме заради пандемијата на коронавирус.

Вчера, францускиот премиер Едуард Филип објави дека сите спортски настани за време на сезоната 2019/2020 нема да бидат завршени. Ова важи и за фудбалскиот шампионат.

– Ја уверивме УЕФА дека сакаме да учествуваме во последните фази од Лигата на шампионите оваа сезона на одредени денови и во градовите каде што ќе се одржат. Ако не е можно да се игра во Франција, ќе играме во странство со гаранција дека нашите играчи и целиот клубски персонал се целосно здрави, истакна Ал Келаифи.

ПСЖ во осминафиналето со вкупни 3:2 ја елиминира Борусија Дортмунд и се пласира во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.