ПСЖ подготвен да плади 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Српскиот интернационалец од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ може да ја продолжи кариерата во годинешниот финалист на Лигата на шампионите, Пaри Сен Жермен, пренесуваат во петокот италијанските спортски медиуми.

Според изворите, парижаните се подготвени да платат 60 милиони евра за 25-годишниот Србин. Римскиот клуб сака да добие повеќе за играчот. Самиот играч од средниот ред изјави дека би сакал да остане во Лацио.

Минатата сезона Милинковиќ-Савиќ одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигна осум голови и впиша пет асистенции.

Италијанските спортски коментатори сметаат дека понудата на парижаните нема да ги задоволи апетитите на претседателот на римските „небесносини“, Клаудио Лотито, и дека ова може да се смета само за почетна побуда на ПСЖ во претстојните преговори. Челникот на Лацио има широк простор за маневрирање, бидејќи на Милинковиќ-Савиќ договорот му истекува дури во јуни 2024 година.

Милинковиќ-Савиќ кариерата ја започна во Војводина, а потоа една сезона мина во белгиски Генк од каде во 2015 година стаса во Лацио во трансфер кој изнесуваше 18 милиони евра.