ПСЖ повторно на врвот, но можеби го загуби Мбапе за полуфиналето на ЛШ

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жерман очлекувано славеше со 3:1 во саботата на гостувањето во Мец во рамките на 34-то коло привремено заземајќи го првото место на табелата, но триумфот е засенет со повредата на Килијан Мбапе на четири дена пред соочувањето со Манчестер Сити во рамките на полуфиналето од Лигата на шампионите.

Мбапе беше најзаслужен за победата кај Мец, со двата погодока во 4 и во 59 минута, а за ПСЖ стрелец беше и Мауро Икарди во 89 минута од пенал, додека домашните привремено израмнија во 46 минута со голот на Фабиен Сентонз.

Но својот одличен настап Мбапе го заврши во 87 минута откако четири минути претходно имаше остар дуел со Миега, кога принудно поради повреда на квадрицепсот, мораше да биде повлечен од теренот.

По мечот тренерот на ПСЖ Покетино ја потенцираше повредата на својотклучен играч во нападот, иако нејзината тежина се уште не е позната.

„Мбапе доби удар во квадрицепсот. По натпреварот одеше со штаки, но се надеваме дека повредата не е премногу сериозна“, изјави аргентинскиот стратег.

ПСЖ со 23-та победа дојде до 72 бодови и го мина на врвот Лил кој има 70 бодови и меч помалку. Следат Монако со 68 и Лион со 67 бодови, но со бид помалку од париските „Светци“. Мец со 43 бодови моментално е 10-ти.

Претходно Брест со 2:1 славеше на гостувањето кај Сен Етјен. Домашните поведоа во 11 минута со голот на Ваби Казри, но следеше пресврт во кој двоен стрелец за гостите беше Гаетан Шарбоние во 66 и 79 минута.

Брест со 40 бодови дојде на 13-то место и го потисна Сен Етјен кој има 39 бодови на 14-то место. Двата клуба се на безбедна дистанца од местата кои водат во втората лига.

Во недела се играат дуелите: Ница – Монпелје, Ленс – Нимс, Ренс – Дижон, Стразбур – Нант, Анже – Монако и дербито Лион – Лил.