ПСЖ привремено го презема врвот

Актуелниот француски фудбалски првак Пари Сен Жермен во петокот вечерта привремено го презема водството на табелата откако во рамките на седмото коло од националното првенство со убедливи 4:0 славеше на гости кај Нимс.

Ним многу рано, уште во 12 минута од мечот остана со играч помалку откако директен црвен картон доби Лоак Ландре. ПСЖ и со играч повеќе во полето успеа во првото полувреме да поведе со 1:0 со погодокот на Килиан Мбапе во 32 минута. Парижаните дури во финишот на мечот успеаја да ги отсранат дилемите за победникот, со погодоците на Алесандри Флоренци во 77, со вториот погодик на мечот на Мбапе во 83 и на Пабло Сарабиа во 88 минута.

Претходно во петокот Рен потфрли кај „фенерцијата“ Дижон и само ремизираше. Гостите поведоа во 24 минута преку Мартен Терие, а израмни Мама Балде во 53 минута.

ПСЖ сега има 15 бодови, колку и второпласираниот Рен, а нивните позиции ги загрозуваа третиот Лил со 14 и четвртиот Лен со 13 бодови, но кои имаат и натпревар помалку.

Ним е моментални 13-ти на табелата со 8 бодови, додека за Дижон ова беше само вториот бод од почетокот на сезоната и останува закован на дното.

Во сабота на распоредот се мечевите Рем – Лориен и Марсеј – Бордо. Преостанатите шест натпревари се играат во недела, а се среќаваат: Стразбур – Лион, Анже – Метц, Нант – Брест, Монако – Монпелје, Сен Етјен – Ница и Лил – Ленс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.