ПСЖ ремизираше со Монако, Дижон го изнеди Лил

Во дербито од 20-то коло на француското фудбалско првенство, лидерот ПСЖ на својот „Парк на принцовите“ одигра 3:3 со Монако, во одличен натпревар во кој пет голови во првото полувреме.

ПСЖ поведе, Монако потоа направи пресврт во своја полза, а парижаните до крајот на првиот дел со два гола дојде во водство од 3:2, а во продолжението гостите израмнија. Стрелци за ПСЖ беа Нејмар во 3 и 42 минута од пенал, а во 24 минута автогол постигна Фоде Бало, додека стрелци за гостите беа Гелсон Мартинс во 7, Висам Бен Једер во 13 и Ислам Слимани во 70 минута.

Во претходно одиграниот дуел, Дижон приреди изненадување победивајќи го вицешампиони Лил со 1:0. Голот го постигна Хулио Таварес во 47 минута, а Дижон дојде до водството иако од 21 минута играше со играч помалку, кгоа беше исклуќен Хамза Мендил, а од 67 минута силите на теренот беа израменти откако беше исклучен Бубакари Сумаре.

Нант на гостувањето го победи Сен Етјен со 2:0, а стрелци беа Мехди Абеид во 23 и Лудовик Блас во 48 минута.

На табелата води ПСЖ со 46 бодови,м Марсеј е втор со 41 бод, додека трет е Рен со 33 бодови.