ПСЖ сигурен во дербито со Лион

Во дерби натпреварот на 24-то коло од француското фудбалско првенство, Пари Сен Жермен на својот терен го совлада Лион со 4:2/

Головите за актуелниот француско шампион ги постигнаа Анхел ди Марија во 22, Килиона Мбапе во 38, Фернандо Марсал во 47 со постигна автогол и Единсон Кавани во 79 минута, додека стрелци за гостите беа Мартен Терие во 52 и Муса Дембеле во 59 минута.

ПСЖ води на табелата со 61 бод, вториот Марсеј има 49, третиот Рен 41 а четвртиот Лил има 40 бодови. Лион е деветти со 33 бодови.

Во претходно одиграниот дуел Монпелје со голот на Енди Делор во 25 минута го победи Сен-Етјен. Монпелје е петти на табелата со 36 бодови, а Сен-Етјен е 15-ти со 28 бодови.

Три бода освои и Стразбур победувајќи го Ремс со 3:0, а стрелци беа Александер Џику во 50, Абдул Варис во 82 и Кени Лала од пенал во четвртата минута од судиското продолжение. Стразбур сега има 36 бодови и е на шестото место, додека Рем остана десетти со 33 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.