ПСЖ со два гола на Мбапе ја продолжи серијата без пораз

Во натпреварот од 27-то коло на француското фудбалско првенство Пари Сен Жермен на својот „Парк на принцовите“ го победи Дижон со 4:0, продолжувајќи ја серијата без бораз во првенството на 15 натпревари.

Головите во победата на парижаниет ги постигнаа Пабло Сарабија во 3, Килиона Мбапе во 74 и првата минута од судиското продолќение, и Мауро Икарди во 76 минута.

Со новите два погодока Мбапе стаса до бројката од 18 голови, со што изби на врвот на табелата на стрелците пред напаѓачот на Монако, Висам Бен Једр кој има два погодока помалку.

Последниот пораз ПСЖ го доживеа токму од Дижон на почетокот од ноември минатата година, со 1;2. По тој меч ПСЖ впиша 13 победи и две реми.

ПСЖ на табелата води со 68 бодови, Марсеј е втор со 55 бодови, додека Рен е трет со 44 бодови. Дижон остана на 17-то место со 27 бодови, колку што има и Нимс на 18-то место кое води во квалификациите за опстанок.