ПСЖ со два играчи предност убедлив на гостувањето кај Ница

Фудбалерите на актуелниот француски шампион Пари Сен Жермен со првиот натпревар од десеттото коло како гости со 4:1 ја совладаа Ница.

Парижаните брзо дојдоа во водство од 2:0, со головите на Анхел Ди Марија во 15 и 21 минута, но Ингатиус Ганаго во 67 минута успеа да искористи грешка на гостинската одбрана и намали на 1:2. Меѓутоа, многу брзо домашните останаа со двајца играчи помалку, бидејќи беа исклучени во 74 минтуа Вилан Сиприен и во 77 минута Кростоф Ереј.

Во самата завршница ПСЖ ја искористи предноста на теренот и преку Килиан Мбапе во 88 и Мауро Икарди во првата минута од судиското продолжени ја потврди победата.

ПСЖ води на табелата со 24 бодови, пет повече од вториот Нант, додека Ница е деветта со 13 бодови.