ПСЖ со нови проблеми- се повреди Мбапе

Фудбалерите на ПСЖ синоќа славеа против Тулуз со 4:0, меѓутоа Парижаните немаат многу причини за радост поради повредата на Килијан Мбапе.

Младиот Французин се повреди во второто полувреме и мораше да биде повлечен од игра. Француските медиуми шпекулираат дека станува збор за повреда на задната ложа, меѓутоа се уште нема официјални информации од ПСЖ.

Да потсетиме, Тухел веќе подолго време не може да смета на услугите на Нејмар кој се повреди пред почетокот на Копа Америка.