ПСЖ со пресврт во финишот од проблематичен пенал до среќна победа

39
PSG ANGERS mecredi 14 octobre 2021

Фудбалерите на Пари Сен Жермен со многу среќа ја остварија победаа во првиот дуел од десеттото коло на франциското првенство и со 2:1 на својот „Парк на принцовите“ го совладаа Анже.

Во настапот без јужноамериканските ѕвезди Лионел Меси и Нејмар, париските „Светци“ се мачеше против Анќе кој поведе во 36 минута со погодокот на Анџело Фулгини.

Во продолжението ПСЖ, сепак, успеа да направи пресврт. Прво во 69 минута израмни Португалецот Данило Переира, а во 87 минута беше досуден дискутабилен пенал за домашните, кој го реализираше Килијан Мбапе.

ПСЖ останува водечка екипа во Лига 1, со девет победи и еден пораз девет бодови повеќе од второпасираниот Ланс, односно 27 наспроти 18 бодови. Анжер, пак, и натамуи е високопалсиран, четврти е со 16 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.