Пучот во Турција е предупредување за Македонија

Со што потклекна на притисоците? Едниот одговор е – од страв. Да се потсетиме дека договорот во Пржино беше потпишан по дефектот на владиниот авион… со кој леташе Груевски. Другиот одговор се содржи во неговата реченица дека не сака македонскиот народ да се закрви. Во овој контекст, турскиот премиер Јлдарам ова го рече во време на пучот на 15 јули: терористите кои учествале во пучот не се Турци, не се граѓани, не се луѓе за да имат човекови права. По логиката на турскиот државен врв тие кои сакаат да ги срушат државните институции не заслужуваат милост, затоа е можно да добијат смртни казни. По логиката на македонскиот државен врв опозицијата и соросоидите, кои не само што сакат да ги срушат државните институции, туку и да ги уништат, а истовремено и самата македонска држава со македонскиот народ, значи, тие биле Македонци. Тие несмеат да бидат уништени, туку со нив треба да се преговара – веќе две години им се попушта.

ТОА Е ФУНДАМЕНТАЛНО НЕРАЗБИРАЊЕ ШТО Е ДРЖАВА И КАКО ТАА МОРА ДА СЕ ЗАЧУВА.

За време на пучот во Турција, САД целосно се разоткри како главен организатор. Парадоксално е дека американскиот државен секретар Кери бара докази од Турција за обвинувањата, дека САД била замешана. Па, тој самиот плус Обама се таков доказ.

Да ја видиме хронологијата на дејствијата според турското време:

1/ малку по 22.30  часот премиоерот Јлдарам соопшти за обид за пуч;

2/ во 23.50 часот армијата најави дека ја презела власта и дека е уапсен началникот на генералштабот;

3/ во 0.03 часот премиерот Јлдарам повика граѓаните да излезат на улиците;

4/ во 0.10 часот Си-Ен-Ен коментира дека Пентагон, Белата куќа и НАТО досега немат никаква реакција;

5/ во 0.15 часот рускиот надворешен министер Лавров изјави дека проблемите во Турција мора да бидат расчистени во согласност со Уставот и законите;

6/ во 0.16 часот државниот секретар Кери посака „континуитет“ во идните односи меѓу Турција и САД, т.е. го призна пучот;

7/ во 0.30 часот беше првото обраќање на Ердоган, кој кажа дека проблемот ќе биде расчистен;

8/ во 02.02 часот се збогатија информациите дека пучот не успева;

9/ во 02.18 часот Обама и Кери ги повикаа „сите страни во Турција да покажат трпеливост“,

10/ во 02.27 часот Кери изјави дека во телефонски разговор со надворешниот министер на Турција дал „целосна поддршка“ на законите и државните институции;

11/ во 02.39 часот САД дадоа официјална поддршка на веќе сега победникот Ердоган.

Во следните три денови САД и нивната колонија ЕУ неколку пати предупредија Ердоган да биде хуман со терористите откако во Турција беа уапсени повеќе од 6.000 учесници во пучот. Да биде хуман, за да можат овие терористи и во иднина да бидат користени во антитурски пучеви.

Со два збора, времето за пучот беше одлично погодено – кога Кери е во Москва/за да неутрализира руска реакција/ и кога Ердоган е на одмор. Само што, Американците погрешија во две работи: прво, мислеа дека како и во минатото, турските воени сили ќе бидат целосна американска марионета; второ, не очекуваа турскиот народ да го брани својот претседател. Погрешија затоа што мислеа дека со обуките на турските воени сили од САД ќе можат да ги поткупат сите нив; а, пак народот ќе се побуни против авторитарниот Ердоган.

САМО ШТО НАРОДОТ И ПОВЕЌЕТО ОД ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМИЈАТА ПОКАЖАА НАЦИОНАЛНО ДОСТОИНСТВО.

Американските цели и во Македонија се исти. Преку обука на македонските воени сили, на полицајци, и на судии во САД (самиот Бејли се пофали дека на обука биле 600 судии) се обидуват да ги контролират најбитните органи во секоја држава – армијата, полицијата и судскиот систем. Во поткрепа на сличен пуч би можело како во турскиот да биде ангажирано антидржавното СЈО, Министерот за внатрешни работи кој ќе биде од опозицијата, како и американската марионета Јолевски како воен министер.

ДЕНЕС ОПШТОТО МЕЃУ ТУРЦИЈА И МАКЕДОНИЈА Е САМО НАРОДОТ.

Македонскиот народ како и турскиот е спремен за борба. Само што нашите политичари се катастрофа. Во Турција и владејачката партија, и опозицијата се во зедничкиот став против пучот, а македонскиот антидржавен отпад се израдува и посака побргу да се случи пуч и во Македонија. Сите тие мора да бидат средени како што Ердоган ќе ги среди неговите пучисти, само што кај нас кој да го направи тоа? Владејачката партија веќе повторно попуштила опозицијата да го има клучниот министер за внатрешни работи и бара уверување дека тој немало да прави партиски чистки и да апси како Спасовски. Мора да си ненормален да веруваш на ветувања било на Заев, било на Бејли, било на Нуланд. Опозицијата ќе добие и шефвско место во државната телевизија, а СЈО ќе продолжува да апси кого ќе посака.

СО СИТЕ ТИЕ САМОУБИСТВЕНИ ПОТЕЗИ ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ГО ИЗНЕВЕРУВА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. ВО ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ И’ ДОЈДЕ УМОТ ВО ГЛАВАТА, ДА ГИ ПРЕКИНЕ СИТЕ ТИЕ ПРЕГОВОРИ И ДА ДЕЈСТВУВА КАКО ЕРДОГАН ИЛИ ЌЕ ЧЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА ГИ СРЕДИ НА СВОЈ НАЧИН СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ИДИОТИ „КООПЕРАТИВЦИ“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.