Пучдемон може да добие политички азил во Белгија

Одобрувањето политички азил за каталонскиот челник Карлес Пучдемон во Белгија не е нереално доколку тој би го побарал, изјави во неделата белгискиот министер за миграции Тео Франкен.

„Тоа не е нереалистично доколку ја согледате ситуацијата. Тие веќе зборуваат за затворска казна“, изјави Франкен за бeлгискатa телевизија VTM.

Министерот за миграции, инаку член на фламанската ултранационалситичка партија N-VA, наведе и дека е проблематично колку би било фер евентуалното судење на Пучдемон.

Односите меѓу Белгија и Шпанија се заладени поради сличната ситуации од 1990-те и 200-те години, кога Белгија одби да екстрадира шпанска двојка, којашто била барана поради наводни врски со баскиската сепаратистичка милитантна организација ЕТА.