Пучдемон може да учествува на изборите во декември

© AP Photo / Presidency Press Service

Челникот на каталонската влада Карлес Пучдимонт кој во саботата е отстранет од должност од страна на шпанската влада поради прогласувањето на независноста на Каталонија, ќе може да се кандидира по два месеца на предвремените парламентарни избори кои во оваа североисточна покраина ги распиша централната влада во Мадрид, изјави во саботата вечерта Ињио Мендез де Виго, портпарол на шпанската влада и нејзин министер за култура, образование и спорт.

„Господин Пучдименот и сите политички лидери ќе може да учествуваат на овие избори. Тоа би било добро, бидејќи така сите Каталонци би можело да пресудат за она што гледаме последната година“, изјави Мендез де Виго во разговор за телевизијата на агенцијата Reuters.

Истакна дека Пучдемон во моментов нема никаква функција, бидејќи е сменет. Карлес Пучдемон, меѓутоа, не се смета за отстранет од должноста, па во саботата во својство на претседател на регионалната влада ги повика Каталонците да го одбранат она што досега е постигнато, и со демократски и мирни средства да се спротистават на мерките на шпанската влада, односно активирањето на членот 155 од шпанскиот устав со кој се суспендира автономијата на покраината.

На повикот на Пучдемон на Каталонците да пружат демократски отпор на воспоставувањето директна власт од Мадрид, владејачката шпанска Народна партија, од десниот центар, на премиерот Маријано Рахој возврати дека со тоа покажува „бескрајна безобѕирност“. „Ова е многу сериозно. Неодговорноста на Пучдемон не познава граници“, се вели во партиската објава на Twitter.

Во градот Гирона, каде што живее и каде што своевремено беше и градоначалник, Пучдемон беше пречекан со овации и аплаузи. Во тој град во неделата новиот фудбалски прволигаш Гирона го дочекува во првенствен натпревар шпанскиот првак Реал Мадрид, симболот на монархијата. Во саботата, овој град со 98.000 жители, го слави Свети Нарсис, заштитникот на Гирона.

„Ќе продолжиме да работиме на воспоставување слободна држава“, истакна Пучдемон во Гирона.

Во петокот каталонскиот парламент изгласа прогласување на Република Каталонија по што шпанската влада, со одобрување на парламентот во Мадрид, ја распушти каталонската влада. Нејзините овластувања ги преземаа шпанските министерство на рок од два месеца, до одржувањето на вонредните парламентарни избори во Каталонија коишто владата во Мадрид ги најави за 21-ви декември, иако според споменатиот уставен член би требало да бидат одржани во рок од шест месеци.

„Би било добро Пучдемон да излезе на демократски избори па Каталонците да кажат што мислат за неговата политика“, изјави министерот Мндез де Виго. Доколку Пучдемон одбие да го напушти претседателскиот кабинет, Мадрид ќе реагира „интелигентно и разумно“, рече портпаролот на шпанската влада. „Никој не е над законот“, истакна де Виго.

Во саботата неколку илјади демонстранти во Мадрид побараа апсење на Пучдемон и затвор поради „предавство“ и „државен удар“. Во недела, пак, во каталонската престолнина Барселона е најавен собир на поборниците на унитарноста на Шпанија.