Пучдемон пак кандидат за претседател

200

Пратеници на каталонскиот парламент од водечката сепаратистичка партија “Заедно за Каталонија” објавија дека ќе се обидат повторно да го избираат Карлес Пучдемон за каталонскиот претседател и покрај забраната на шпанските судови.

Пучдемон се сретна со пратениците во Берлин, каде што очекува Германскиот суд да донесе одлука за екстрадиција во Шпанија која против него поднесе обвиненија за бунтување и злоупотреба на државните фондови за организирање на нелегален референдум за независноста на Каталонија,минатата година.

Портпаролот на коалицијата за независност,Едуард Пујол, рече дека ќе се обидат да го изберат Пучдемон на 14 мај.

Ако претседателот не положи свечена заклетва до 22 мај, ќе се одржат нови избори во Каталонија.

Пратениците од сепаратистичките партии вчера гласаа за измена на законот за регионални избори што му дозволи на претседателот да положи заклетва без присуство во парламентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.