Пучдемон подготвен за соработка со белгиските власти

Отстранетиот каталонски претседател Карлес Пучдемон во саботата изјави дека е подготвен „целосно да соработува“ со белгиските власти откако Шпанија издаде европска налог за апсење него и за четворицата поранешни каталонски министри кои во моментов се наоѓаат Белгија.

„Подготвени сме целосно да соработуваме со белгиското правосудство откако шпанската влада издаде европски налог за апсење„“, напиша каталонскиот челник Карлeс Пучдемон на својот профил на Twitter.

Канцеларијата на белгискиот федерален обвинител во саботата со соопштение потврди дека го промил налогот за апсење што го издаде владата на Шпанија, кој бил испратен во петокот вечерта. Канцеларијата не откри кога властите ќе ги притворат петте каталонски челници, истакнувајќи притоа дека кога тоа ќе биде сторено, истражниот судија ќе има 24 часа да донесе одлука за натамошно постапување.

„Истражниот судија има различни опции: може да одлучи да не издаде наредба за апсење или тоа може да го стори, но да ги ослободи тие лица под одредени услови“, се наведува во соопштението на белгискиот обвинител.

Доколку Белгија се одлучи да ги екстрадира Каталонците, судот ќе има 15 дена да донесе одлука дали ќе ја спроведе таквата одлука. На неа подоцна може да се поднесе жалби на два повисоки суда.