Пучдемон во петок во Љубљана во рамките на европската кампања

Поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон во петок ќе престојува во словенечката престолнина Љубљана каде што одржи и предавање, во рамките на неговата кампања за влегување во Европскиот парламент на претстојните избори во Европската унија, за што го кандидираа повеќе каталонски партии.

Пучденом Љубљана ја избрал како едно од првите места во рамките на својата кампања, а доаѓа како гостин на поранешниот словенечки претседател Милан Кучан и досегашниот европратеник од Словенија и поранешен министер за надворешни работи Иво Вајлг, објави Forum 21, своевиден тинк-тенк кој по повлекувањето од политичкиот живот го формираше Кучан, а собира деловни луѓе и влијателни поединци од левицата.

Пучдемон беше еден од главните иницијатори а референдумот за независност на Каталонија есента 2017 година, кој шпанските власти го прогласија за неуставен, а судскиот прогон заедно со уште неколку колеги го избегна заминувајќи во Белгија, која одбива да ѝ го предаде на Шпанија. Пучдемон и натаму живее и работи во Белгија во егзил.

Пучдемон сега ја води партијата Заедно за Каталонија, а за европски пратеник се кандидира со поддршката на повеќе сродни партии. Шпанската изборна комисија прво му забрани учество на изборите за Европскиот парламент, но оваа одлука ја поништи управниот суд во Мадрид, а правото на Карлес Пучдемон да се кадидира потоа ја потврди и шпанскиот уставен суд.

Кучан и Вајгл беа меѓу водечките словенечки политичари и личности со општествено влијание кои во 2017 година отворено ги поддржуваа правото на самостојност на Каталонија и референдумот за независност, повикувајќи се на тоа дека преку референдумот независност стекна и Словенија, и подоцна ја осудуваа постапката на прогон од шпанските власти против каталонскиот лидер, застапник на независноста. Кучан и Вајгл во декември минатата година беа домажини и на актуелниот каталонски челник Квим Тора, кој тогаш имаше и неофицијални средби и разговорои и со претседателот на парламентот Дејан Жидан и претседателот на државата Борут Пахор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.