Пукање на Бит Пазар: Ранет работник на „Комунална хигиена“

Рааботник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вечерва на Бит Пазар, објави  24 Инфо.

Според неофицијални информаци, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во метлаарот. Куршумот го погодил човекот во ноата, а крадите се разбегале.

Полицијата веднаш реагирала и биле неколку провалници, но лицето што пукало успело да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

-Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.