Пукање на „Џон Кенеди“ по расправија во угостителски објект

На 04.06.2020 околу 10.30 часот во СВР Скопје било пријавено има пукање во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив сопственикот на објектот Б.Х.(36) изјавил дека три лица меѓусебно се расправале во моментот додека ги послужувал. Според неговата, пријава, веднаш потоа тие излегле надвор и по кратко време се слушнале неколку истрели.

На местото биле пронајдени четири чаури. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.