Пукање пред кафеана во Козле – едно лице рането и итно пренесено во болница

Во пукање со пиштол вчеравечер пред угостителски објект во скопската населба Козле, еден човек е ранет, соопшти полицијата.

На 21.08.2022 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Миле Поп Јорданов“, пред угостителски објект имало пукање со огнено оружје, во кое бил повреден еден човек.

„Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект помеѓу Б.Ѓ.(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ.“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.