Пукање во Белград, едно лице е тешко рането

Мажот со возило на Брза помош е однесен на реанимација во Ургентниот центар.

Во Белград, во Врачар, рано утрово дошло до пукање во кое еден маш е тешко повреден, изјавиле од Брзата помош за „Танјуг“.

Мажот со амбулантно возило на Брза помош е однесен на реанимација во Ургентниот центар. Пукањето се случило во Врачар а повикот до Брзата помош стигнал во 6:34 часот.

Освен тоа, Брзата помош синоќа интервенирала 112 пати, од тоа шест пати на јавно место, а не се случила ниту една сообраќајна несреќа.