Пукање во Франција: Маж со пушка влетал на состанок и убил три лица, четвриот тешко повреден

30

Три лица загинаа, а четврто лице е рането во пукање во Севр во Франција.

Денеска попладне вооружен маж упадна на состанок во каменоломот Сент Варен и пукаше од пушка врз присутните, јавија француските медиуми.

Локалните медиуми пренесуваат дека 30 припадници на Жандармеријата се испратени на самото место.

Три лица им подлегнале на повредите, а четвртата е префрлена во болница.

Напаѓачот потоа се обидел да си го одземе животот.

Истрагата е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.