Пукање во Куманово, веднаш по почнувањето на полицискиот час

Пукање со огнено оружје од патничко моторно возило во движење било регистрирано вечерва во Куманово.

Настанот се случил на само десетина минути по почнувањето на полицискиот час на улицата „ЈНА“ во близина на автошкола „Топ Трејд“.

Како што дознава „360 степени“, нема повредени лица, а лицето кое го управувало возилото сè уште не е идентификувано. На местото на настанот биле пронајдени три чаури.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.